Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

08.10.2026 19:48

Шведската академија ја награди за нејзиниот „смел и инвентивен опус“ кој, во дијалог со класичната традиција, создава нови форми во современата литература

Канадската поетеса и писателка Ен Карсон е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2026 година. Шведската академија ја награди за нејзиниот „смел и инвентивен опус“ кој, во дијалог со класичната традиција, создава нови форми во современата литература.

Карсон е позната по дела во кои ги поврзува поезијата, прозата, дијалогот и преводот, како и по преводите на класичната грчка литература. Меѓу нејзините позначајни дела се „Автобиографија на црвеното“ од 1998 година и „Норма Џин Бејкер од Троја“ од 2019 година.

Нобеловата награда за литература, која се доделува од 1901 година, годинава е вредна 12 милиони шведски круни. Минатогодишен добитник беше унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи.