Полицијата пронајде стебла на „канбис сатива“ во тетовско
Поголема количина стебла и искорнати гранки „канабис сатива“ пронашла вчера полицијата на две одвоени парцели во атарот на тетовското село Палатица.
На парцела сопственост на А.Ј.(55) биле пронајдени и искорнати 89 стебла „канабис сатива“ со различна големина од половина до два метри, а до меѓа со соседната парцела на И.Џ. ( 43 ) пронајдени се уште 57 делови -гранки, од вакви искорнати стебла.

Пронајдените стебла со соодветна судска наредба се одземени и ќе вештачат. Се расветлуваат сите поединости во врска со пронајдените количини „канабис сатива“ по што ќе следуваат поднесоци, соопштуваат од полицијата.