Случај „Државна лотарија“

Груби нуди три стана како гаранција, бара враќање на пасошот

08.10.2026 14:34

Поранешниот вицепремиер Артан Груби бара Кривичниот суд да му го врати пасошот, а како гаранција дека нема да бега нуди три стана. Куќниот притвор му истекува на 13 октомври. Груби е обвинет во случајот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби понудил три стана како гаранција дека нема да бега и бара Кривичен да му го врати пасошот. Неговиот куќен притвор, по сила на законот истекува на 13-ти месецов.

Тој е обвинет во случајот со Државната лотарија за злоупотреба на службената положба.

На денешното рочиште беше сослушан правник вработен во Лотарија, за кој одбраната на Груби вели дека ја потврдил нивната теорија на случај, односно дека екс-вицепремиерот нема вина во случајот.