Честитка од Иванов по повод Курбан-Бајрам
03.10.2014 12:25
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.
Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи. Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава да Ви го честитам големиот празник Курбан-Бајрам.

Прославувањето на овој празник нека Ви донесе мир, радост и благосостојба, но и нека ја пренесе пораката за големината на овој празник, а тоа е споделувањето со ближните и сиромашните. Вредностите како милосрдието и простувањето се симболи на човечноста, почитувањето и толеранцијата, кои можеме заеднички да ги градиме преку дијалог и меѓусебна доверба, се вели во честитката од претседателот Иванов.
Честитајќи Ви го Курбан-Бајрам, се додава во честитката, Ве повикувам заеднички да им подадеме рака на оние на кои тоа им е најпотребно.
Овој празник во муслиманското верување значи обединување, споделување и отвореност. Тоа се вредностите кои не обврзуваат сите заедно без разлика на нашата вероисповед и верување, вредности кои не спојуваат и не прават човечни и хумани. Нека Ви е честит Курбан-Бајрам, се потенцира во честитката од Иванов до поглаварот на ИВЗ и граѓаните со исламска веоисповед во Македонија.