Одбележување

Прилеп го одбележува 11 Октомври – 85 години од Народното востание

09.10.2026 19:07

Пораките од минатото мора да стигнат до сегашните генерации, особено до младите. Прилеп со богата програма за 11 Октомври и 85-годишнината од Народното востание. Празнувањето, особено на значајните историски датуми не треба да се санкционира, велат граѓаните...

Импровизиран напад на Прилеп како потсетување на виорните, историски настани од 11 Октомври 41-та и „првата пушка“, работилници, претстави, историски часови. Прилеп достоинствено празнува за 11 Октомври и 85-годишнината од почетокот на Народното востание.

Прилепскиот музеј преку интерактивни работилници и претстави сака да ги разбуди младите генерации и нивниот однос кон славното минато.

Локалните власти се убедени-значењето на празникот допира до сегашните и до младите генерации.

И младите и граѓаните имаат свој однос кон празникот. Празнувањето не треба да се санкционира, особено на посебните значајни историски датуми

Потребно е во образовниот процес да им се раскажува историската приказна на новите генерации. Може и онлајн.

Пораките за 11 Октомври, несомнено, треба да стигнат до сите генерации.

Елизабета Митреска