Турски компании следните два месеци ќе ги скенираат бизнис потенцијалите на Македонија
03.10.2014 12:36
Министерот Наумоф остварил 15 директни средби со потенцијални инвеститори...

Mинистерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, го комплетира роуд – шоуто во Tурција. Во Измир, Ајдин и Mаниса претставени поволностите за инвестирање во Mакедонија и добрата бизнис клима.
Министерот Наумоф остварил 15 директни средби со потенцијални инвеститори, кои донесле одлуки, во октомври и ноември да ја посетат нашата земја, за да ги скенираат бизнис – потенцијалните.
Наумоф остварил и средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и ја донеле својата одлука да инвестираат во Македонија. Станува збор за компаниите Мensan, АК Pastik, Proline и Ser Jag.
