Расте интересот за органската храна
03.10.2014 12:49
Во рамки на зелената недела повеќе од 40 производители на органска храна утре ќе се претстават на Фестивалот на органска храна...

Интересот за органска храна сѐ повеќе се зголемува. Од Министерството за земјоделство информираат дека ќе се субвенционира отворање на продавници за органска храна.
Првата се очекува во 2015-тата година, која ќе понуди органски млечни производи и овчо месо.
Во рамки на зелената недела повеќе од 40 производители на органска храна утре ќе се претстават на Фестивалот на органска храна, ќе го презентираат своето производство пред потрошувачите.
Целта е да се јакне свесноста од штетните последици од употребата на пестициди и предностите од консумирањето на органска храна.
Дијана Ценевска
