МВР
СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот во Скопје
09.10.2026 10:38
Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето...

Вчера во СВР Скопје повикано е лицето Ш.А., сопственик на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од 07.10.2026 година, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје, соопштија од МВР.
Настанот беше објавен и на социјалните мрежи.
Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето, се наведува во соопштението.
