Приведени средношколци кои протестирале во Париз
Француското Министерство за образование соопшти дека биле целосно или делумно затворени 375 училишта поради лошите услови за настава...

Француската полиција приведе средношколци кои протестираа во Париз со барање за поголемо финансирање на образованието. Од почетокот на протестите, приведени се над 6.600 ученици повеќето малолетни. Француското Министерство за образование соопшти дека биле целосно или делумно затворени 375 училишта поради лошите услови за настава.
„Прозорците не можеа да се затворат, немаше греење, ѕидовите на училиштето се поплавуваа кога врнеше, па веќе не можевме да пристапиме до горниот кат. Гледав и лебарки близу влезот на училиштето. Тоа не се услови во кои треба да учиме, бидејќи сме во Франција, а оваа земја има средства – тие едноставно не се наменети за средношколците“.
„Учев во средното училиште ‚Ле Корбизје‘ во Обервилие. Па, вистина е дека повремено имавме наставници кои отсуствуваа, а не беа заменети, па по одредени предмети заостанувавме зад другите. Имаше многу такви работи, дури и условите понекогаш. Немавме греење, немаше хартија во тоалетите – многу такви работи кои, со текот на времето, навистина стануваат комплицирани“.
