Украина

Зеленски ги обвини САД за неподготвеност да и помогнат на Украина

09.10.2026 11:58

Неколку часа откако во Краматорск беа погодени два автобуса, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да одржува економски врски со Русија, а истовремено да посредува во војната што трае повеќе од четири години...

Зеленски си обвини САД за неподготвеност да и помогнат на Украина откако за два дена во руски напади загинаа 78 луѓе. Неколку часа откако во Краматорск беа погодени два автобуса, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да одржува економски врски со Русија, а истовремено да посредува во војната што трае повеќе од четири години.

„Европејците не можат директно да извршат притисок врз Путин, но можат да ни помогнат, а тоа ќе го поттикне да се вклучи во преговори. Сепак, Американците можат да направат повеќе. Сметам дека претседателот Трамп може да направи повеќе – и, меѓу нас кажано, мора да направи повеќе – бидејќи станува збор за огромни загуби. Мораме да преземеме повеќе“, изјави Зеленски.