ЈЕМЕН

Јеменските Хути го погодиле аеродромот во Ријад

09.10.2026 13:16

Тврдат дека еден авион претрпел сериозни оштетувања, по што неколку авиокомпании ги прекинаа летовите кон градот.

Јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран, соопштија дека со балистичка ракета погодиле аеродром во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Тврдат дека еден авион претрпел сериозни оштетувања, по што неколку авиокомпании ги прекинаа летовите кон градот.

Групата не приложи докази за своите тврдења, а саудиските власти засега официјално не го коментираа нападот.