Скопје

Во недела дел од мостот „Близнак“ ќе биде затворен поради поправка на оградата

09.10.2026 20:02

За време на изведбата ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента, која ќе биде означена со соодветна сигнализација. Преостанатата лента во истиот правец ќе остане отворена за сообраќај.

Во недела, на 11 октомври, на мостот „Близнак“ во Скопје ќе се изведуваат работи за санација на оштетената заштитна пешачка ограда, поради што привремено ќе биде затворена една сообраќајна лента.

Екипа на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе работи на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“, во насока кон населбата Аеродром. Активностите ќе се одвиваат од 6 до 8 часот наутро, а ќе опфатат замена и монтажа на оштетените делови од оградата.

За време на изведбата ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента, која ќе биде означена со соодветна сигнализација. Преостанатата лента во истиот правец ќе остане отворена за сообраќај.

Од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје апелираат до возачите да бидат трпеливи додека траат работите и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот.