Потрошувачка кошница

09.10.2026 18:45

Околу 11.000 денари помалку од синдикалната, толку чини просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија за август, односно 58.845 денари...

Околу 11.000 денари помалку од синдикалната, толку чини просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија за август, односно 58.845 денари. Министерот Дурмиши рече дека разликата од околу 19,5% е во методологијата, односно во производите и трошоците што се пресметуваат.

Министерот вели – не сакаме да се тркаме во пресметките со синдикалците, туку реално да ги претставиме трошоците, односно, реалната потрошувачка и цените на производите и на услугите. Во Владиниот есап не влегуваат цигари, алкохол, кирии.

Во однос на инфлацијата од 2,7% за септември, министерот рече дека земјава има пониска инфлација од европскиот просек и дека намалувањето на акцизите за горивата помогнало да се заштити животниот стандард.

Допрецизирање на кошницата и анализа на податоците ќе се носи на ЕСС на 19-ти месецов, за што детално ќе се анализира.

Околу 30.000 граѓани земаат минимална плата, но според Владата, останатите 98% од вработените земаат над минималецот.

Борис Грујоски