19 години од атентатот на Глигоров
03.10.2014 13:27
Во истрагата беа претресени 30 илјади 850 возила, и легитимирани 188 илјади лица...

19 години од извршениот неуспешен атентат врз првиот македонски Престедател Киро Глигоров, извршен со автомобил бомба на трети октомври 1995 година пред хотелот Бристол.
Го преживеа со тешки последици во главата. На самото место загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранранителот Илчо Теовски.
Во истрагата беа претресени 30 илјади 850 возила, и легитимирани 188 илјади лица.
МВР изврши повеќе информативни разговори, но завршница од истрагата сеуште нема.
Киро Глигоров почина на први јануари 2012 на 94 години.
