Влада
Премиерот Мицкоски на увид во завршните градежни работи на два музејски објекта
10.10.2026 09:22
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во завршните градежни работи на објектите на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во завршните градежни работи на објектите на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период. Станува збор за активностите поврзани со реализација на музејските проекти, кои имаат цел да го збогатат културното наследство.
Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
