Ревитализација на депонијата Шапкар кај Струмица за заштита од пожари
Заради зачестените пожари на депонијата Шапкар, општинските власти на Струмица отпочнаа постапка за санација и целосно покривање со земјен слој. Паралелно поставен е и видеонадзор на депонијата од 12 хектари каде според планот треба да се депонира отпадот од Југоисточниот и Вардарскито регион...

За да се спречат пожарите на регионалната депонија Шапкар, Општина Струмица ја почна постапката за поставување земјен слој од половина метар на целата депонија. Во соработка со механизација на повеќе компании се покрива досегашниот наталожен отпад на Шапкар операција која ќе продолжи и во наредниот период
Депонијата Шапкар од оваа лето е под 24 часовен видеонадзор со четири камери. Таму веќе има механизација која е деужура и интервенира при појава на пожар.
На Шапкар се депонира отпадот од четирите општини од струмичкиот регион. Државата планира на оваа локација да се депонира комуналниот отпад од Југоисточниот плански и вардарскиот регион.
Ване Трајков
