Анкета на МКД.мк
Анкета: Мицкоски со 20,4% доверба, Филипче со 3,8 %
10.10.2026 10:48
Анкетата е спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27-ми септември на примерок од 1.200 испитаници...

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 19,3 отсто, а СДСМ од 5,6 отсто, покажува последната анкета на МКД.мк. Рејтинзите на ДУИ и на ВЛЕН се изедначени – 4,2%. За Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто. 41 процент од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање.
Кај лидерите, Христијан Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, а Венко Филипче од 3,8 проценти. Анкетата е спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27-ми септември на примерок од 1.200 испитаници.
