Македонија

Две викенд населби ќе никнат меѓу Колешинскиот и Смоларскиот водопад

11.10.2026 13:29

На појасот меѓу Колешинскиот и Смоларскиот водопад на планината Беласица ќе никнат две викенд населби. Парцелите се продадени и треба да се градат вкупно 34 типски куќи кои треба да ја зголемат понудата од сместување за поголема посета и повеќедневен престој на природните убавини на оваа планина…

Општина Ново Село планира да понуди уште една парцела за изградба на викенд населба на планината Беласица откако ги продаде плацевите кај Мокрино и Смоларе. Викенд населбите во подбеласичкиот регион треба да ја ублажат побарувачката од сместувачки капацитети во непосредна близина на водопадите и природните убавини на Беласица бидејќи се планираат да се подигнат 34 типски куќи.

Кај Мокрино продадени се сите 21 парцела. Населбата се наоѓа во непосредна близина на културно историскиот локалитет со средновековната кула Приго а со помош на Светска банка изградена е патна инфрастурктура со улично осветлување

Кај Смолари пак се продадени останатите парцели. Метар квадратен достигна и цена и до 30 евра поради што општината инкасираше околу 5, 7 милиони денари пари кои ќе ги инвестира во уредување на инфраструктурата на населбите

Ване Трајков