Панама: Земјотрес од 7,7 степени, оштетени згради иинфраструктура
Оштетени се згради и инфраструктура, жителите се евакуираат, а регистрирани се и последователни потреси. Засега нема официјално потврдени загинати, но има повредени...

Панама ги санира последиците од силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени. Оштетени се згради и инфраструктура, жителите се евакуираат, а регистрирани се и последователни потреси. Засега нема официјално потврдени загинати, но има повредени.
„Панама се соочува со голема катастрофа. Засега немаме официјални податоци за жртви, но проверките сè уште траат. Болниците се проверуваат поради пукнатини и никој не смее да остане во објекти во кои може да има опасност од уривање“, изјави Хозе Раул Мулино, претседател на Панама.
Владата ја прекина наставата, а привремено беше запрена и работата на меѓународниот аеродром. Предупредувањето за цунами за пацифичките брегови на девет земји е укинато.
