Регион

Македонија меѓу 550 излагачи на винскиот саем во Белград

10.10.2026 16:22

Од 10 до 12 октомври, Белградскиот саем ќе биде место за средба на љубителите на вино и гастрономија со автентичните вкусови на Италија. Саемот за вино е инициран од владите на Србија, Македонија и Албанија во рамките на Отворен Балкан.

Од денес 80 Македонски винарии и 7 дестилерии се претставуваат меѓу 550 излагачи од 30 земја на еден од најголемите вински саеми во регионот и Европа-Винска Визија Отворен Балкан во Белград.

На саемот покрај натпреварувачкиот дел, пријавени се 260 купувачи од 45 земји меѓу кои се големи дистрибутерски компании од Кина, Европа, САД, Азија и Јужна Африка, што е можност за македонските винарии за деловна соработка и извоз на вино.

Македонските вина имаат традиција во Србија и се многу барани.

„Македонските вина се исклучително квалитетни и винариите произведуваат феноменални вина“, изјави граѓанин.

Интегрален дел од саемот е и Фуд Вижн, посветен на гастрономијата и угостителството.

Иницијатори на одржувањето на Винскиот саем Винка Визија Отврен Бачлкан, покрај Србија беа и Македонија и Албанија.

Оливер Бранковиќ