Одбележување
Македонија го чествува 11 Октомври – 85 години од Народното востание
11.10.2026 08:26
Денеска се одбележува 11 Октомври-Денот на народното востание. Свечената академија по повод празникот ќе се одржи на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина“ на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски...

Денеска се одбележува 11 Октомври-Денот на народното востание. На овој ден во 1941 година почнува Народноослободителната антифашистичката војна во Македонија. Празникот и годинава традиционално ќе се одбележи со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда.
Преносот во живо од свечената академија по повод празникот 11 Октомври, може да го следите на Првиот канал на јавниот сервис, МРТ1 со почеток од 11:45 часот.
