Одбележување

Прилеп го чествува 11 Октомври

11.10.2026 10:46

Чествувањата за 11 Октомври и 85-годишнината од Народното востание, Прилеп ги започна синоќа со традиционален огномет и импровизиран напад на градот за потсетување на историските настани пред 85 години. Денеска почит за загинатите борци и херои...

Со богат огномет, импровизиран напад на градот, како потсетување на виорните времиња на 11 октомври 41-та, со филмувана приказна за нападот на тогашниот участак означувајќи го почетокот на Народното востание, Прилеп ги започна чествувањата на празникот. Прилепчани ја потврдија потреба да оддадат почит на она што започнало пред 85 години, а резултираше со македонска државност.

На 11 октомври почна победоносното востание како резултат на вековните стремежи на народот за своја држава.

Денеска на празникот, бројни делегации се поклонуваат и им оддаваат почит на 650 загинати борци од НОБ чии мошти се на Могилата на непобедените во Прилеп и на народните херои во алејата на Паркот на револуцијата.

Елизабета Митреска