Напад врз аеродромот во Ријад, десетици загинати
По експлозијата, летовите беа пренасочени, а работата на аеродромот привремено запрена. Ова е трет напад врз аеродромот неделава и најсмртоносен во кралството во повеќе од една деценија...

Над 10 луѓе загинаа, а стотици се повредени во трет за неделава напад на Хутите врз саудискиот меѓународен аеродром во Ријад. ООН и САД со осуда. Трамп најави разговор со саудискиот престолонаследник и не ја исклучи можноста воено да се приклучат на саудиските напади врз Хутите.
Македонската амбасада во Абу Даби ги повика македонските државјани во Саудиска Арабија, особено во Ријад, да бидат внимателни и да ги следат безбедносните упатства.
Во меѓувреме, американската војска соопшти дека погодила и онеспособила товарен брод под панамско знаме во Оманскиот Залив, откако, според Вашингтон, се обидел да ја пробие поморската блокада кон Иран.
