САД

Ураганот Исајас зеде четири жртви

11.10.2026 15:01

Ураганот стигна до Флорида со ветрови од речиси 170 километри на час, пред да ослабне. Бурата направи и голема материјална штета...

Четири лица загинаа, над 600 илјади домаќинства се без струја откако ураганот Исајас погоди делови од јужниот дел на САД со силни ветрови и поројни дождови. Ураганот стигна до Флорида со ветрови од речиси 170 километри на час, пред да ослабне. Бурата направи и голема материјална штета. Пред нејзиното пристигнување, Алабама, Флорида и Џорџија прогласија вонредна состојба, а во делови од погодените области беа наредени евакуации.

„Кога бурата почна да се засилува, слушнав нешто од задниот дел на куќата. Звукот не беше вообичаен, звучеше како товарен воз. Беше толку гласно што речиси не можам да го опишам. Слушав како се приближува, а потоа, целиот покрив одлета“, изјави Џејми Митич, жителка чиј дом беше оштетен од ураганот Исајас .

„Очигледно е што ни подготвила мајката природа. Штетата е навистина катастрофална. Ова навистина ве погодува. Работиме толку напорно за сè да функционира совршено, а потоа доаѓате и гледате дека сè е искршено и уништено“, изјави Шон Паламарчак, косопственик на ресторанот „Енгри туна“.