Битола го чува споменот на големиот револуционер Стефан Наумов
Документи и предмети што го следат животот и делото на македонскиот револуционер Стефан Наумов од неговото најрано детство. Фотографии тесно поврзани со неговото семејство. Ова е само дел од она што посетителите може да го видат во Меморијалниот музеј и спомен куќа - Стив Наумов во Битола...

Документи и предмети што го следат животот и делото на македонскиот револуционер Стефан Наумов од неговото најрано детство. Фотографии тесно поврзани со неговото семејство. Ова е само дел од она што посетителите може да го видат во меморијалниот музеј и спомен-куќа „Стив Наумов“ во Битола.
Стефан, внукот од сестра на македонскиот народен херој низ солзи раскажува за својот вујко.
Преку поставка во спомен-куќата е прикажана и неговата револуционерна активност, загинувањето на 12 септември 1942 година заедно со неговиот соборец и другар народниот херој Мите Богоевски. Историскиот дел завршува со приказ на победата над фашизмот и сето она што за херојот е напишано и изградено како спомен.
Спомен куќата на македонскиот револуционер Стив Наумов најчесто ја посетуваат организирани тури на македонски ученици.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
