Влада
Премиерот Мицкоски со честитка по повод одбележувањето на 11 Октомври - Денот на народното востание
11.10.2026 10:37
Премиерот Мицкоски упати честитки за 11 Октомври – Денот на народното востание...

„Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро“, наведува премиерот Мицкоски во честитката за Денот на народното востание.
Предците го направиле она што во тоа време изгледало невозможно, ја отвориле вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено“, порачува Мицкоски.
