Австралија се приклучи кон коалицијата против ИДИЛ
Воената офанзива против милитантите на Исламска држава продложува. Австралија се придружува на меѓународната коалиција, соопшти Австралискиот премиер, Тони Абот.
Испорачани се борбени авиони,а припадниците на специјалните единици ќе бидат распоредени на терен. Британската Влада ги засили армиските сили, кои учествуваат во операцијата против џихадистите во Ирак.

„Со уште два Торнадо бомбардери го задржуваме темпото за борба против милитантите на Исламска држава. Се обидуваме да помогнеме да се спаси животот во Ирак“, изјави премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон.
И Владата на Германија испорача дополнително оружје кон неколку арапски земји за спротиставување на милитантитете.