Почит за херојскиот подвиг на нашите претци
По повод одбележувањето 85 години од Народното востание, собраниски делегации положија цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, во Прилеп, на Могилата на непобедените и пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифовски – Питу и на спомен-костурницата во Куманово...

По повод одбележувањето 85 години од Народното востание, собраниски делегации положија цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, во Прилеп, на Могилата на непобедените и пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифовски – Питу и на спомен-костурницата во Куманово.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ја предводи владината делегација, која положи цвеќе на спомен обележјата „Методија Андонов-Ченто“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Могила на непобедените“, во Прилеп.
Почит за загинатите борци оддадоа и делегации од кабинетот на претседателката, од боречката организација, на политички партии и од дипломатскиот кор во земјава.
