свет

Заострена реторика меѓу Вашингтон и Киев по изјавата на Трамп дека е време Украина да добие нов претседател

11.10.2026 19:12

Заострена реторика меѓу Вашингтон и Киев по изјавата на Трамп дека „е време Украина да добие нов претседател“ и критиките за украинските напади врз руските рафинерии. Од Кремљ одобрување, од Киев пак возвратија, за изборот на претседател одлучуваат единствено украинските граѓани. Во меѓувреме, продолжуваат и руско-украинските воздушни напади…

Украинскиот претседател предложи 60-дневно целосно примирје со Русија за да може Украина да организира претседателски избори. Зеленски го повика американскиот претседател Трамп да изврши притисок врз рускиот претседател Путин да ја прекине војната.

„Кажете му на Путин да ни даде два месеци, 60 дена примирје, и ние ќе организираме избори. Секако, ќе бидеме подготвени да прифатиме каква било одлука на нашиот народ“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија и Украина постигнаа енергетско примирје во војната, кое стапува во сила веднаш, објави американскиот претседател Трамп. Двете страни се согласија. Не го кршете“, напиша Трамп на мрежата „Трут соушл“. Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на шефот на Белата куќа дека Украина треба да добие нов претседател „кој може да склучи договор“, критикувајќи го Зеленски за нападите врз руската рафинерија за нафта и нивното влијание врз светскиот пазар на дизел.

Кремљ го поздрави повикот од САД, додека од Киев возвратија, за изборот на претседател, одлучуваат единствено украинските граѓани.

Во меѓувреме продолжуваат и руско-украинските воздушни напади. Во изминатото деноноќие цел на руски ракети повторно Киевската област. Гувернерот на Брјанската област во западна Русија пак соопшти за еден убиен при украински напад со дрон. Руската технолошка компанија „Јандекс“, што е на околу 200-те километри источно од Москва, ја прекина работата поради технички оштетувања, предизвикани од украински напад.

Милчо Велески