Свет

Ненадејни поплави и одрон во Непал, уништени околу 40 куќи

11.10.2026 15:35

Поради надојдената река Буди Гандаки, жителите на селата покрај нејзиното корито беа евакуирани...

Ненадејни поплави и одрон во северно-централниот дел на Непал уништија околу 40 куќи и оштетија важен мост во округот Горка, во близина на границата со Кина. Поради надојдената река Буди Гандаки, жителите на селата покрај нејзиното корито беа евакуирани.

Спасувачките служби ја проценуваат штетата. Засега нема извештаи за загинати или повредени.