Влада

Мицкоски: Време е да поставиме големи национални цели, да носиме храбри одлуки и да создадеме држава која нема да преживува, туку ќе напредува

11.10.2026 14:08

Денес стоиме пред историјата на еден народ кој низ вековите поминал низ премногу искушенија, премногу неправди, премрежија, но никогаш не се откажал од своето право да биде слободен, да биде свој, да има сопствен дом и сопствена држава, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на народното востание – 11 Октомври...

Денес стоиме пред историјата на еден народ кој низ вековите поминал низ премногу искушенија, премногу неправди, премрежија, но никогаш не се откажал од своето право да биде слободен, да биде свој, да има сопствен дом и сопствена држава, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на народното востание – 11 Октомври.

„Време е да поставиме големи национални цели, да носиме храбри одлуки и да создадеме држава која нема да преживува, туку ќе напредува. Најголемата национална битка е битката за младите. Мора да изградиме татковина во која младите нема да избираат меѓу татковината и сопствената иднина. Земја во која ќе остануваат, ќе создаваат семејства и ќе ги остваруваат своите соништа“, истакна премиерот.