Кривична за лекари поради поткуп

24.12.2013 22:50

Кривична пријава заработија  45-годишен професор-доктор  и 29- годишна специјализантка на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје. Се товарат за примање поткуп. Вчера попладнето беа  приведени во полициската станица Карпош.

Кривична пријава заработија  45-годишен професор-доктор  и 29- годишна специјализантка на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје. Се товарат за примање поткуп. Вчера попладнето беа  приведени во полициската станица Карпош.

Според информациите на МВР, на почетокот на месецов  на  пациентка од Скопје, осомничените  и побарале  450 евра за  две хируршки интервенции.  Пациентката го пријавила случајот в полиција , по што надлежните институции презеле активности  за негово документирање.  Пацинтката двапати и дала на специјализантката технички обработени пари, наменети  за операциите.  По наредба  од судија од претходна постапка, полицијата извршила личен претрес и во домот и на работното место на осомничените. Еве детали од нив.

 -При извршен личен претрес на второбвинетата   се пронајдени девет банкноти во апоени од по 50 евра, кои претходно беа технички обработени и дадени на пациентката, додека кај првообвинетиот  при претрес на неговиот дом и на службените простории се пронајдени одредени писмени прибелешки со имиња на лица и телефони, список на закажани операции и фотографии што би можеле да бидат во интерес на кривичната постапка рече помошник министерот за односи со јавноста  во МВР Иво Котевски .

Од Лекарската комора се децидни дека нема да застанат во заштита  на   докажан криминал во лекарските редови . Велат дека со ваквите работи се оцрнува  нивната професија.

 -Треба докторите да си ја вршат својата работа онака како што е дефинирано со законите,а не да се прават вакви немили работи. Лекарската комора никогаш нема да застане во заштита на тоа што е  криминал  и тоа што е против правото и противправното уредување на државата, вели  проф. д-р Кочо Чакалароски – претседател на Лекарската комора на РМ.

Од Лекарската комора немаат точна евиденција  колку лекари се обвинети за поткуп. Во изминативе години  во повеќе афери беа вмешани десетици познати имиња, некои имаат а некои се уште  немаат судски епилог.

Наташа Гркова-Петрушевска