Македонија

Во Собранието доделени наградите „11 Октомври“

11.10.2026 16:18

Во Собранието доделени наградите „11 Октомври“, највисоките признанија за животно дело од дејности од јавен интерес на Република Македонија...

Врачени државните награди „11 Октомври“. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, годинава ја доби писателот и универзитетски професор Венко Андоновски. Признанија за животни дела од областа на науката и образованието пак, им беа доделени на лингвистот Димитар Пандев, како и на универзитетските професори Владо Поповски и Ѓулумсер Касапи. Идејата да се освои некој врв не би постоела, доколку не би постоел ниту одреден недостиг од нешто, истакна Андоновски, со пораката- Да живее Македонија.

Државните награди „11 Октомври“ се највисоките признанија за животно дело од дејности од јавен интерес на Република Македонија.

 

Марија Котовска