МНР со апел до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија-да се почитуваат официјалните упатства
Се бара строго да се почитуваат официјалните упатства од Дирекцијата за цивилна заштита и од Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија...

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно предупредување до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад на внимателност и следење на безбедносните протоколи. Се бара строго да се почитуваат официјалните упатства од Дирекцијата за цивилна заштита и од Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија.
Потсетуваат дека строго е забрането фотографирање, снимање или споделување видеа од нападите. Иако авиосообраќајот се рестартира, можни се чести вонредни одложувања, па затоа задолжително да се контактира авиокомпанијата за статусот на летот пред воопшто да тргне кон меѓународниот аеродром во Ријад.
