Почнува изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево
Со присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, денеска официјално ќе почне изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, дел од Коридорот 8.

Денеска официјално почнува изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, која е дел од Коридорот 8 и треба да го поврзе превојот Стража со Кичево.
Проектот ќе се реализира во две фази. Првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората делницата од Долно Строгомиште до Црвевци.
На официјалниот почеток на градежните работи ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан.
