Руралните хеорини на Македонија
Освен во семејството, жените може да бидат столбот и во земјоделството. Како е да се биде жена-фармер, кои се предизвиците и најголемите проблеми? Во пресрет на Денот на руралната жена, кој е рецептот да се биде жена-фармер на годината...

Кога се работи со љубов ништо не е тешко. Ова е мотото на Милена Ангелова од Паликура, тиквешко која со семејството обработува 10 декари пиперки, од кои годишно произведува околу 2.000 тегли ајвар. Таа е регистриран земјоделец и за продажба од куќен праг.
Љиљјана Шишкова од Долно Дисан, неготинско е пчеларка. Со сопругот имаат околу 80 пчелни семејства и немаат проблеми со продажбата на пазарот, каде излегуваат со иновативни производи.
Со пчеларство се занимава и Валентина Дукова од селото Подлес, Општина Градско, која со семејството одгледуваат 200 пчелни семејства. Таа е фокусирана на апи-комората и апи-козметиката.
Ангелова, Шишкова, Дукова заедно со Лејла Рајкова од Валандово беа прогласени за жена-фармер за 2026 година од страна на Здружението „Проагро фармери“, кои преку саем им овозможи и промоција во струмичко.
Ване Трајков
