Блиски исток

Нов напад врз меѓународниот аеродром во Ријад

12.10.2026 10:06

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за досегашните вакви напади и ги предупредија авиокомпаниите и патниците да не ги користат аеродромите...

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром во Ријад. Во нападот погодена е една од патничките сали на аеродромот, каде бил предизвикан и пожар.

Претходно, меѓународниот аеродром „Крал Калид“ беше исто така нападнат. Загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за досегашните вакви напади и ги предупредија авиокомпаниите и патниците да не ги користат аеродромите и воздушниот простор на Саудиска Арабија.