Свет
Северна Кореја истрела балистички ракети, прелетале повеќе од 900 километри
12.10.2026 12:44
Лансирањето следи по првото тестирање на хиперсонично оружје од домашно производство на Јужна Кореја, спроведено во петокот.

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети, соопшти јужнокорејската армија. Ракетите биле лансирани од областа на Пјонгјанг и прелетале повеќе од 900 километри.
Лансирањето следи по првото тестирање на хиперсонично оружје од домашно производство на Јужна Кореја, спроведено во петокот.
Претходно, на 3-ти октомври, истото го стори и Пјонгјанг, лансираше хиперсонична ракета за која тврди дека може да ја пробие одбраната на Јужна Кореја и Јапонија.
