Свет
Тројца загинати, 25 повредени во руски напад во близина на Харков
12.10.2026 13:43
Загинати се момче на 16-годишна возраст и две жени на 19 и 51 година.

Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во рускиот напад врз станбена област во Писочин, во близина на Харков.
Загинати се момче на 16-годишна возраст и две жени на 19 и 51 година.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека само во последната недела Русите нападнале со 1.450 воздушни бомби, 75 ракети и повеќе од 1.600 дронови.
