Хакери ја нападнале „Џеј Пи Морган“, не зеле ниту долар!
03.10.2014 14:06
Според медиумите, ова е најголемиот хакерски напад во историјата на банката...

Хакери успеале да си обезбедат непречен пристап до 83 милиони приватни и бизнис сметки на една од најголемите американски банки „Џеј Пи Морган“.
Според медиумите, ова е најголемиот хакерски напад во историјата на банката.
Органите на прогонот биле зачудени од постапката на хакерите, не зеле ниту еден долар од сметките, до кои имале пристап.
