Македонија

АРМ во Прилеп ја претстави модерната опрема

12.10.2026 18:44

Од првата пушка, до модерна опрема. Во чест на 11 Октомври и јубилејот – 85 години од почетокот на Народното востание, прилепчани ги видоа модерната опрема и оружја на АРМ. Модернизацијата на Армијата се одвива плански и до крајот на годинава ќе завршат сите зацртани обврски, велат од Генералштабот на АРМ.

Пешадиска опрема, опрема за специјалните единици, новите системи и хаубици „Боран“, лесни оклопни возила и сето она со што Армијата во континуитет се опремува, беше изложено во центарот на Прилеп пред граѓаните и љубопитниците. Македонската армија се претстави во чест на 11 Октомври и „првата пушка“ пред 85 години.

Прилепчани, и млади и стари, заинтересирани да дознаат и да ја видат опремата, а градските власти сметаат – изложбата е вистинскиот начин на обележувањето на Празникот.

Модернизацијата се одвива плански, нагласи началникот на Генералштабот на АРМ, Генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ е седиштето на артилерискиот баталјон на АРМ.

Елизабета Митреска