Во среда продолжува акцијата за чистење на Скопје, ќе се чисти на повеќе од 50 локации
Во среда во 11 часот продолжува акцијата за чистење на Скопје, во која се очекува да се вклучат илјадници волонтери, општините, учениците и граѓаните. Ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки и јавни површини на повеќе од 50 локации во главниот град. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека ваквите акции ќе се организираат двапати месечно.

Во среда во 11 часот продолжува акцијата за чистење на Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во акцијата, која ќе се спроведува на повеќе од 50 локации, ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.
Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се приклучат, а во активностите повторно ќе учествуваат општините, градоначалниците, учениците и волонтерите.
Тој истакна дека целта е да се подигне свеста за одржување на чистотата и да се поттикне поголема одговорност кон животната средина.
„Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало“, истакна Ѓорѓиевски.
Од Град Скопје информираат дека граѓаните за точните локации и начинот на приклучување кон акцијата треба да се обратат до својата општина.
