Приведен 14-годишен ученик по пукање во училиште во Франција, ранети директорот и вработен
Четиринаесетгодишен ученик е приведен по вооружен инцидент во училиште во јужна Франција, во кој беа ранети директорот и уште еден вработен. Осомничениот влегол со сачмарка скриена во футрола за гитара, а мотивот за нападот засега е непознат.

Полицијата приведе 14-годишен ученик осомничен вооружен инцидент во училиште во јужна Франција, при што беа ранети директорот на училиштето и уште еден вработен. Мотивот на осомничениот е непознат, соопшти полициската управа во регионот Буш-ди-Рон.
„Станува збор за дете кое влегло со пушка (сачмарка) скриена во футрола за гитара и внатре пукало кон директорот и наставниците. Истрагата ќе утврди зошто и како се случило тоа“, изјави Мартин Васал, претседателка на департманот Буш-ди-Рон.
Полицијата соопшти дека училиштето не било зафатено од протестите што изминатиов период избувнаа во цела Франција поради условите во средните училишта.
