Економија

Спротивставени ставови за економскиот стандард

12.10.2026 17:51

Раст на БДП од 4,3 проценти и стабилизирање на инфлацијата – аргументи на власта за состојбата во економијата. Опозицијата, пак, оценува дека граѓаните тешко ги покриваат трошоците за живот и бара повисоки плати. Власта тврди дека државата е економски консолидирана, додека од опозицијата порачуваат дека на работниците им се потребни повисоки примања сега.

Дали економијата одолева на енергетската криза или граѓаните едвај врзуваат крај со крај? Власта и опозицијата со спротивставени ставови за економскиот стандард. Според премиерот, растот на БДП во вториот квартал годинава е 4,3 проценти и е во првите пет во Европа и најголем во регионот. Дополнително, консолидиран е растот на трошоците за живот и инфлацијата.

Премиерот со став-задржан е и кредитниот рејтинг, според сите меѓународни кредибилни агенции, додека пак опозицијата го тврди спротивното. Втор ребаланс за две месеца велат, јасно покажува каква е состојбата, работниците едвај врзуваат крај со крај, власта им раскажува бајки, а не ја зголемува просечната плата.

Мицкоски истакна дека додека пред 27 месеци Македонија одела кон амбисот, сега е консолидирана држава и е подобро место за живеење, а економијата и институциите работат со полн капацитет. Од опозицијата возвраќаат-на работниците им треба повисока плата на сметките денеска.

Наташа Јанчиќ-Менковски