Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ најспособна за решавање на проблемите со економијата и невработеноста
На прашањето „Која партија сметате дека е најспособна за решавање на проблемот на владеењето на правото или правната држава“, 26,5 проценти одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,1 отсто СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која граѓаните ја оценуваат како најспособна за решавање на проблемите со економијата и со невработеноста. Ваков одговор далe 34 проценти од граѓаните во анкетата која ја спроведе Меѓународниот републикански институт (ИРИ). 7,3 проценти од анкетираните сметаат дека тоа е СДСМ, за ДУИ се изјасниле 9,3 проценти, a за ДПА 2,5.
На прашањето „Која партија сметате дека е најспособна за решавање на проблемот на владеењето на правото или правната држава“, 26,5 проценти одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,1 отсто СДСМ.
Исто толку проценти гласале за ДУИ, додека за ДПА одговориле 2,4 насто. Според анкетата на ИРИ, владејачката партија е најспособна за решавање на проблемот и со корупцијата. Така сметаат 26,9 проценти, додека 6,7 насто сметаат дека тоа е СДСМ.
Високи 32,2 проценти од анкетираните мислат дека ВМРО-ДПМНЕ е најспособна за решавање на проблемот со безбедноста и стабилноста во земјата.
За опозициската партија во македонскиот политички блок се изјасниле 8,4 проценти. За ДУИ потврдно одгвориле 9,1 процент, за ДПА 2,7 и за НСДП 0,1 процент.
Меѓународниот републикански институт истражувањето го направил од 29-ти август до 5-ти септември, врз репрезентативен примерок од 1.101 испитаник во целата држава.
