Мобилниот тим ,,Task Force" при РЦ за ГР Исток пронајде дрога и лиши од слобода две лица
Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода Д.К.(29) од с. Полето, делчевско и У.А.(26) од с. Црник, делчевско. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки.

На 12.10.2026 во 21:05 часот на стариот пат с. Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода Д.К.(29) од с. Полето, делчевско и У.А.(26) од с. Црник, делчевско. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
Лицата се задржани во ОВР Делчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
