Погодени два бродови во Црно Море
Два трговски брода биле погодени, а петмина морнари добиле медицинска помош...

Бугарија регистрира нови напади со дронови врз бродови во Црно Море. Два трговски брода биле погодени, а петмина морнари добиле медицинска помош. Премиерот Румен Радев оцени дека ваквите напади во непосредна близина на бугарските територијални води се „апсолутно неприфатливи“. Ги повика ЕУ и НАТО да помогнат во истрагата.
„Бугарија продолжува да бара помош за истражување на нападите – сега се работи за три брода, мораме прецизно да утврдиме на која земја и припаѓаат беспилотните летала што ги напаѓаат бродовите во непосредна близина на бугарските територијални води. Покрај тоа, ќе продолжиме да бараме и да инсистираме на помош за зајакнување на надзорот над нашиот воздушен и поморски простор, како и за јакнење на нашите капацитети за одговор“, изјави Румен Радев, премиер на Бугарија.
Инцидентот се случил 24 километри од брегот на Бугарија. Радев не кажа каков товар пренесувале бродовите. Пред една недела, два товарни брода беа погодени од дронови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црно Море, при што еден брод потона. Владата во Софија објави дека го повикала рускиот амбасадор на разговор.
