Руско-украински конфликт

Трамп тврди дека е во сила енергетско примирје меѓу Украина и Русија

13.10.2026 10:43

За наводите за напади, Трамп вели дека треба да го разгледа прашање бидејќи имало прекршувања од двете страни...

Претседателот на САД, тврди дека е во сила енергетско примирје меѓу Украина и Русија, и покрај изјавата на украинскиот претседател Зеленски дека Москва извршила напади врз енергетските капацитети. За наводите за напади, Трамп вели дека треба да го разгледа прашање бидејќи имало прекршувања од двете страни.

„Мислам дека и двајцата го поддржуваат тоа. Мислам дека сакаат да постигнат договор, но не знаат како – сепак, ние ќе ги натераме да склучат договор. Тие претрпеа загуби. Изгубија 32.000 луѓе, главно млади војници, во текот на овој месец. Мораат да постигнат договор“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски во понеделникот изјави дека, иако Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, Москва продолжила да ги напаѓа енергетските капацитети на неговата земја, и покрај најавата на Трамп од неделата дека завојуваните страни се согласиле да престанат со таквите напади.