Хутите ги продолжија нападите во Персискиот залив
Продолжува конфронтацијата со милитантната група. Хутите ги нападнаа Ријад и Камис Мушаит, град во близина на јеменската граница...

Саудиска Арабија пресретна балистички ракети лансирани од јеменските Хути. Продолжува конфронтацијата со милитантната група. Хутите ги нападнаа Ријад и Камис Мушаит, град во близина на јеменската граница. Саудиските власти издадоа предупредување до жителите, по неколкудневните повторени удари врз главниот меѓународен аеродром во Ријад во кои загинаа десетици, а стотици беа повредени, во еден од најсмртоносните инциденти во кралството откако во февруари почна војната на САД и Израел против Иран.
Ријад е во конфликт со Хутите уште од моментот кога тие ја презедоа контролата врз јеменската престолнина Сана во 2014 година.
