Повисоки казни за побезбеден сообраќај!
Со новиот Закон за безбедност во сообраќајот за не ставање појас е предвидена казна 45 евра или 25 негативни поени за возачот, а 50 евра за совозачите. Новина е тоа што казните ќе важат и за оние кои седат позади во возило, а не ставиле појас. Таксистите ќе предупредуваат...

Сообраќајната култура на најниско ниво. Голем број возачи и пешаци не почитуваат ниту правила, ниту сообраќајни знаци. Има многу слаби возачи. Вава оценка дадоа таксистите за сообраќајната слика во метрополата. Еве како гледаат на високите казни...
„По мое мислиње нема ефект од високите казни, сообраќајната култура е на многу ниско ниво... Бумеранг е тоа, може ќе успее може не... Кога ќе се донесе тој закон треба да се спроведува нон стоп и за било кого, па да видиме како ќе биде...“, велат анкетираните таксисти.
Со новиот Закон за безбедност во сообраќајот за не ставање појас е предвидена казна 45 евра или 25 негативни поени за возачот, а 50 евра за совозачите. Новина е тоа што казните ќе важат и за оние кои седат позади во возило, а не ставиле појас. Таксистите ќе предупредуваат.
„Таксистите имаат должност да ги советуваат патниците. Во нашите возила секојденвно се возат над 10 илјади граѓани, така што нашето учество во кампањата ќе има голем придонес“, вели претставникот на такси компаниите Гојче Стевковски.
„Сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за користење на сигурносните појаси при возењето, не само на предните, туку и на задните седишта“, нагласи Коце Трајанвски, градоначалник на Скопје.
Со новиот нацрт Закон кој ги минува последните филтри предвидена е глоба од 300 до 500 евра за прекумерна брзина во и надвор од населено место и забрана за управување на возило од 3 до 12 месеци.
Иста казна е и во Босна и Херцеговина, додека во Словенија казната за прекумерна брзина во населено место чини 1.200 евра, а надвор од населено место 500.
Новина е и тоа што ќе има прекршочни и мандатни платни налози. За помалите прекршоци ќе се издаваат мандатните, со можност да се платат за 8 дена или најдоцна за 30 дена да се запишат негативни поени. Доколку не се плати глобата и по прекршочен и по мандатен налог, ќе се наплаќа преку УЈП.
„Во новиот Закон има измени кои се однеусваат во делот за начинот на наплата на казните, односно имавме цел да воведеме зголемена ефикасност во наплаќањето на казните“, изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавноста во МВР.
Нема простор за паника со предвидените казни велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБС).
„Доколку возите внимателно, доколку го почитувате законот за сообраќај, никогаш нема да има потреба да платите казна. Доколку дојде моментот да бидете казнети, самта намена на казната е да има влијание врз Вас, да почувствувате по џебот дека нешто се погрешиле и утре да не го правите тоа“, рече Тоше Јанев, портпарол на РСБС.
300 евра ќе заработите ако поминете на црвено, а за зборување на мобилен 45 евра или 25 негативни поени. Доколку ве фатат да возите под дејство на алкохол, канзата е од 200 за 0,5 промили до 400 евра за над 2 промили.
Наташа Гркова-Петрушевска
